Учесниците на традиционалната Дедомразовска трка, облечени во црвени костуми, трчаа низ Скопје.
Трката што почна пред „Сити мол“ е долга два километра и има забавен и натпреварувачки карактер, со учесници од сите старосни групи.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби, без оглед на резултатот и освоеното место, соопшти организаторот, здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Пред и по трката има музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.