Платформата за изнајмување сместувачки капацитети „Ербиенби“ објави листа на дестинации за кои предвидуваат дека ќе бидат најпопуларни во 2024 година.
Како што наведуваат на нивната официјална интернет-страница, патувањето во наредната година носи многу изненадувања и нови трендови, вклучувајќи авантури во Јапонија, славење на карневалот во Бразил и Олимписките игри во Париз.
– Јасно е дека 2024 година се оформува како година на светски патувања, со многу возбудливи меѓународни дестинации што се појавуваат на листата на трендови – напишаа тие.
Користејќи различни параметри, платформата ја наведува Јапонија како една од најдобрите дестинации за 2024 година, бидејќи туристите таму бараат уникатна комбинација на традиционалното и модерното. Така, на листата се најдоа градовите Токио, Осака и Кјото.
На листата е и Париз, кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Француската престолнина беше особено популарна во текот на летото, која беше пребарувана повеќе од седум пати на оваа страница во споредба со минатата година.
Оваа листа го вклучува и Рио де Жанеиро, бидејќи „Ербиенби“ забележа пораст од 136 отсто во пребарувањата за карневалот во бразилскиот град. Други дестинации за кои се предвидува дека ќе бидат најпопуларни во наредната година се: Индијанаполис (Индијана), Варшава (Полска), Буенос Аирес (Аргентина), Маракеш (Мароко), Салвадор (Бразил), Дизелдорф (Германија), Пуерто дел Кармен (Канарски Острови, Шпанија), Мелбурн (Австралија), Филаделфија (Пенсилванија), Лил (Франција), Стокхолм (Шведска), Кортина Д’Ампецо (Италија), Милано (Италија), Рим (Италија), Макејо (Бразил), Далас (Тексас), Мексико (Мексико) Колорадо Спрингс (САД) и Насау (Бахамите).