Македонски манифест сака да им обзнани на македонската јавност, на сите чесни и родољубиви Македонци и граѓани од малцинствата, дека новото менување на Уставот на Република Македонија е првостепен геноциден акт во композицијата геноцидни потези во таа смртоносна насока на актуелната ненародна влада, слугинка на туѓи цели и интереси. По усвојувањето од нејзина страна на тиранската великоалбанска платформа стокмена од ЦИА и од Пентагон, а потоа и со склучувањето на асиметричниот, погубен по идентитетот на македонското колективно битие, неговата генеза и историја договор за добрососедство со Бугарија, таа го потпиша како замислено финале на целосна девастација на македонскиот идентитет, како врвно понижение на македонскиот народ, и погубниот геноциден по Македонците Преспански договор од Нивице со Грција. Во него сме застапени, како некоја безлична маса на што нѐ сведе владата на Заев, под формулацијата втора страна, без каква било друга ознака за некаков идентитет.
Како што е познато, со тој договор сегашната македонска влада го прифаќа преименувањето на Македонија во Северна Македонија, ерга омнес, акт со кој само со еден потег, нацифашистички во основа, се врши идентитетски геноцид врз еден автентичен и древен народ со немерливо културно-цивилизациско минато, искуство и богатство, несебично подарено на соседите и светот. Секој еден што не го сфаќа тој тектонски потрес од преименувањето како идентитетски геноцид/етноцид врз Македонците, за жал, мора да е покрај морално и ментално дефектен. Комплетен фарисеј. Друго објаснување не постои.
Тоа е суровата вистина со нашето преименување. Така што, поаѓајќи од тој факт, на некој начин е дури и апсурдна секоја анализа на членовите на тој бескрај злосторнички договор. Сите негови членови се во правец на крајно понижение и девастација на македонскиот идентитет, на целокупната историска меморија на Македонците, затоа што едноставно по Северна Македонија ништо повеќе нема да биде Македонија и македонско, и ние ќе треба од денот денешен па натаму да почнеме, посрамени, понижени и обезличени, да градиме некаков каков-таков идентитет за потсмев и подбив во оваа безбожничка цивилизација, која го има атрибутот Западна, а која сѐ уште полага и смета на свој примат врз човештвото на оваа настрадана и проколната планета, каква што ја направи таа.
Веќе истакнатите нови амандмани, со кои ќе се менува македонскиот устав, ја покажуваат безмилосно јасно сета таа девастација за која станува збор на македонскиот идентитет, на идентитетскиот геноцид врз Македонците смислен од западните „мајстори на смртта“ (П. Целан), а во конкретна реализација на нашата актуелна влада, која прецизно ги спроведува сите замисли на западниот бриселски и вашингтонски воскреснат доктор Менгеле. Најочигледно за тоа мегазлосторство. Бидејќи истото тоа ги има сите квалификативи и на злосторство против човештвото, сега е оној перфидно замислен амандман во кој се детронизира АСНОМ. Имено од тој свет проект на македонските херои и нивната саможртва за суверенитетот на татковината се исфрла манифестот, а се остава само прогласот, како што вели народот „да не се сетат Власите“. За злосторството, се разбира. Ако пак знаеме, ние свесните, неподмитливи и родољубиви Македонци дека АСНОМ е темел на македонскиот суверенитет како идентитет и држава, тогаш и ни е јасно дека неговото сегашно амандманско подло подривање од Владата е пар екселанс геноциден акт.
На тоа му се надоврзува и амандманското промовирање во новиот устав на Охридскиот рамковен договор, кој за нас Македонците е капитулантски и под присила наметнат од Западот, кој штедро го помогна албанскиот тероризам во Македонија од 2001-та. Уште повеќе, за да го понижи и докрај да го стигматизира македонското колективно битие, тој веднаш утредента потоа ги промовира терористите, кои најпрвин ги формулира така, во борци за човекови права и ни ги донесе на челни позиции во Владата, во парламентот и во министерствата, во кои се енормно присутни. САД и нивните европски сојузници, во таа смисла, го изготвија проектот на тиранската платформа со која конечно тие ќе ја реализираат замислата за голема Албанија, која ќе ги покрива нивните геостратегиски и којзнае какви сѐ други интереси на Балканот.
Оттука официјализирањето на Охридскиот рамковен договор, сега во Уставот на Република Македонија, со намера да се потисне и обезвредни АСНОМ е крајно понижување на Македонците и нивно потиснување до самиот ѕид на постоењето и издржливоста. Понатаму нема. Освен скок во бездната што ни ја подготвиле западните и балканските мајстори на смртта, кои систематски поодамна нѐ ништат. Се разбира, со сесрдна помош на нашите квислинзи, каква што е сега и актуелната македонска марионетска влада што работи не на мозок, душа, морал и духовна самопочит, туку на копчиња. Смртоносни за македонскиот автентичен историски идентитет и за Македонците над кои Брисел, Вашингтон и балканските сатрапи сега вршат геноцид. Третиот рајх на западната цивилизација, и не само со македонскиот пример, кој е најевидентен за таа дијагноза, е повампирен, излезен на сцена и веројатно дека во катастрофата што ќе следува нема да страдаат само Македонија и Македонците, туку и нејзините ликвидатори.
Оти во некои моменти историјата е сурова и за џелатите, не само за жртвата. Таков е нејзиниот непредвидлив карактер. На Вавилонската ороспија Европа, тоа ѝ се случи во двете големи светски војни во минатиот век што беа производ на нејзиниот агресивен ариевски нарцизам и материјалистички егоизам.
Туку да заклучиме со потсетување, уште еднаш на системот на идентитетско ништење на македонската историска и културна – цивилизациска меморија по хронолошки редослед. Ништење што по западен диктат на мајсторите на смртта Заев, Димитров, Шекеринска и сета геноцидна камарила околу нив, со нивните коалициски пратеници, но и со оние осуммина смртоносци од опозицијата без кои идентитетското мегазлосторство врз Македонците веројатно не ќе можеше да се ефектуира. Значи, по ред, оваа геноцидна влада на Заев првин го продаде античкиот наш македонски имот на Грција. Беневолентно. Знаците на тоа негово злосторство се преименување на скопскиот аеродром и на автопатот кон Грција, кои го носеа името на најславната македонска историска личност Александар Трети Македонски.
Второ, по античкиот македонски имот, средновековниот со Кирил и Методиј, Климент и Наум, премиерот Заев им го продаде на Бугарите, кој и без него одамна варварски беше присвоен од нив. Тој со договорот со нив за добрососедство само стави царски предавнички печат врз него. Но не само средновековниот, тој ним им го подари со тој срамен и за Македонците понижувачки договор и македонскиот културно-цивилизациски имот од поново време, целиот преродбенски 19 век, пречекорувајќи оттаму и во 20 век – од Илинден до АСНОМ. Ние, во таа смисла, добро се сеќаваме (а како може да биде друго од него) на неговото извинување на Бојко Борисов за Илинденското востание за тоа што по грешка рекол дека е македонско. Оти како што се надоврза на таа негова, како што би рекол Крлежа, метафизичка глупост бугарската патолошки хистерична министерка за надворешни работи му издиктира во нос на муртинскиот светски лидер дека Илинденското востание вистина се водело на македонска територија (какво-такво признание за нас), но дека тоа во основа е бугарско.
Трето, со уривањето на АСНОМ и уставното фаворизирање на Охридскиот рамковен договор, се разбира, во пакет со тиранската платформа, сегашниот каков-таков историски миг на Македонците обесветени и понижени докрај, сега им го предаваме во прегратка на Албанците. Ние во него сме обезличени, безимени статисти. Заев, Димитров и сличните ним, бидејќи и пред да бидат замислени и создадени од таков каков што се материјал, и не можат да бидат друго освен лица без лице. Тие ниту ја чувствуваат ниту ги страдаат болката и јанѕата на родот што го предадоа и обезличија како што ги страдаме ние Македонците со родољубиво срце, кое има љубов не само за својот род, туку и за целото праведно човештво, кое стенка под тортурата на оваа безбожна цивилизација со атрибут западна, либерална, демократска, картезијанска, потпрена на космополитската мисла на Декарт („Мислам, значи постојам“), а всушност мимикриска, егоистичка, материјалистичка, посветена не на бог и божествената правда, туку на богот на профитот и парите, во името на кој се бомбардираат, уриваат и уништуваат цели народи. Блискиот Исток крваво го искуси тоа. Со идентитетскиот геноцид Македонија ја дели судбината со него сега.
Тоа. Доволно е, оти за да се нотираат сите физички и идентитетски геноциди на самобендисаната ариевска западна цивилизација се потребни неколку, ако не и десетици дебели томови. Некои нејзини доблесни антрополози, како французинот Луј Венсен Тома, мошне систематично ги имаат проучено и дадено на увид во нивните дела тие грозоморни геноциди. Сепак, можеме да констатираме дека, за жал, геноцидот над Македонците отсуствува во нивните дела. Нивна шанса е да му посветат поголемо внимание нему, оти тој е еден од најевидентните, фактички средишниот геноциден проект на западната цивилизација. Посегањето кон обезименување на Македонија и Македонците всушност укажува и упатува на тоа. Но ако се уништи идентитетски Македонија ќе се уништи и човештвото со неговиот човечки (би рекле ангелски) облик и лик. Ама баш им е гајле за тоа на банкарските и корпоративните идиоти на Западот. А нам во сета оваа трагична ситуација не само за Македонците, туку и за човештвото, ни останува, можеби, спасителскиот крик: „Пролетери од сите земји обединете се!“. Нека не ве плашат бомбардерите на НАТО. Посилни сте од нив и од сета оваа морална хипокризија на суровата либерал капиталистичка корпоративна цивилизација што го експлоатира, измачува и уништува човештвото.
Македонски манифест