Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови локално се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 7 до 16 степени наутро, додека дневните ќе достигнат меѓу 26 и 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне во одделни делови од котлината се можни краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 32 степени.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на работната недела претпладне ќе има променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне услови за локални врнежи и грмежи. Најнестабилно се очекува да биде во четврток, кога се најавени пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и можност за појава на град.

Во вторник во западните делови на државата ветерот повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час.