Ако сакате да изгубите неколку килограми, можеби сте забележале дека постои навидум бескрајна понуда на совети и трикови за слабеење што изгледаат многу едноставно. Но кои трикови навистина можат да помогнат во тој процес?
Според истражувањето на познатата клиника „Мајо“, постојат неколку начини да ги изгубите вишокот килограми без дополнителен напор. Промената на малите навики може да направи голема разлика на долг рок.
Согорувајте калории со секојдневни активности
Согорувањето калории со секојдневните активности, како одење по скали наместо со лифт, се нарекува НЕАТ. Тоа е едноставен концепт што може да доведе до губење на тежината. Овој тип на активност може да ви помогне да согорите неколку стотици дополнителни калории над вашата основна линија.
Црвеното месо заменете го со печурки
Еден од најлесните начини за слабеење е да внесувате помалку калории од вообичаено. Можете да ги намалите калориите ако наместо црвено месо јадете печурки, кои исто така се богати со протеини и не содржат многу калории.
Заменете ги појадокот и вечерата
Наместо вечерата да биде најтежок оброк, заменете ја храната со она што го јадете за појадок. Студија од 2013 година објавена во списанието „Обесити“ покажа дека жените што внесувале 700 калории за појадок и 200 калории за вечера изгубиле повеќе килограми и се чувствувале помалку гладно во текот на денот од оние што внесувале 200 калории за појадок и 700 калории за вечера.
Пијте две чаши вода 30 минути пред јадење
Иако тоа не е магично решение, пиењето обична вода 30 минути пред оброк може да ви помогне да изгубите тежина. Една потенцијална причина зошто се случува тоа е затоа што волуменот на вода може да ви помогне да се чувствувате сито. Исто така обичната вода можете да ја збогатите и со парче лимон и со листови нане.
Наполнете ја чинијата со зеленчук
Една од најдобрите опции за слабеење е да го зголемите внесувањето зеленчук во вашите оброци. Се разбира, тоа значи зеленчук што е свеж или варен без маснотии и млечни производи како павлака. Направете ја вашата чинија 50 отсто зеленчук, 25 отсто протеини и 25 отсто житни растенија.