Македонската актерка Елизабета Клинчаревска-Младеновска, гостува во Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ во Тирана (Албанија), со улога во претставата „Отворен пар“ (Çiftii Hapur), од италијанскиот автор Дарио Фо, во режија на Сулејман Рушити, директор на Гостиварскиот театар.
Клинчаревска-Младеновска во улога на позната италијанска пејачка, сцената ќе ја дели со актерите Ромир Зала и Суела Бако, популарни имиња на албанската театарска и филмска цена. Премиерата на претставата ќе се одржи на 28 ноември во Нардониот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ и ќе се игра на редовниот репертоар. Претстсавата освен на репертоарот на овој театар, ќе се игра и на сцената на театарот „Александар Мојсиу“ во Драч (Албанија). Првите изведби се закажани на 7 и 8 декември.
Во претставата играат и актерите Омер Исмаил, кој гради интернационална кариера во Турција, студентот по актерска игра Зуриет Сулејмани, како и музичарот Бесмир Гума. Музиката е на Теута Халими Селмани, а сценографијата на Бесар Елези.