Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини Израел за „фанатизам“ во неговите акции во Појасот Газа.
– Ние сме лице в лице со фанатизам, кој дури и легитимира убиствата на деца – наведе Ердоган на Самитот на Организацијата за економска соработка (ЕЦО) во Узбекистан.
Тој додаде дека речиси 11.000 цивили се убиени во „безмилосните“ израелски напади. Ердоган ги обвини западните влади, посочувајќи ги особено САД, дека „не ги критикуваат убијците на деца или не повикуваат на прекин на огнот“ во Појасот Газа.
Претседателот на Турција првично се обиде да преземе улога на посредник во конфликтот помеѓу Израел и Хамас, за подоцна да го обвини Израел за злосторства против човештвото.
Турција минатата недела го отповика својот амбасадор од Израел.