Воените дејствија на Израел во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе вовлечат други во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
– Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарни и воени, ги преминаа црвените линии што може да ги принудат сите да дејствуваат – рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира.
Како што пренесе ДПА, Раиси ги заостри постојаните предупредувања од политичкото и военото раководство на Иран насочени кон Израел и САД по нападите на Хамас на 7 октомври.
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ги пофали извршителите на нападите, но негираше директна иранска вмешаност во нивното планирање.