Дали сте знаеле дека…
Познато ви е тоа чувство уште од училишните клупи. Седите на час, сите молчат, наставникот нешто пишува на таблата и така цели 45 минути. Кога најпосле ќе заѕвони ѕвончето, најмногу би сакале да ја ставите главата на клупата и малку да дремнете. Зошто? Затоа што здодевноста е заразна. Ако на наставникот му е здодевно, така ќе се чувствуваат и учениците. Дотолку повеќе, здодевноста е толку непредвидлива и подмолна болка што е доволно учениците само да помислат дека ќе им биде здодевно на часот што не ни почнал, и тоа и да се случи.
Така барем се тврди во научниците студии „Здодевноста привлекува здодевност“, „Влијанието на здодевноста кај наставникот на мотивацијата на учениците“ и „Што и да е здодевно, ќе биде“. Авторите на овие трудови се од Кина, Канада, САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија и Ирска. Тие ја добија наградата „игнобел“ за достигнувања во образованието за 2023 година.
Станува збор за достигнувања што најпрво ќе нѐ насмеат, а подоцна ќе нѐ поттикнат на размислување.