Меѓународна соработка
Македонскиот ликовен уметник и илустратор Ване Костуранов, кој на детската публика ѝ е познат по своите сликовници „Ѕвездено дете“ и „Девојче и мече“, неодамна имаше изложба во Хрватска.
Станува збор за изложба во рамките на фестивалот за сликовници „Овца во кутија“, кој од 11 до 15 септември по осми пат се одржа во градот Пазин.
Костуранов ги претстави своите илустрации за деца, сликовниците што ги илустрирал, но и сликовниците во кои тој се појавува и како автор на текстот и како илустратор.