Предизвикот е шанса да се даде се од себе и таа неповторлива шанса за напредок директно поврзана за нашата интеграција во ЕУ ја имаме токму сега. Се наоѓаме во неповторлив контекст кога поради геополитичките прилики и потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент ние сме потребни на ЕУ и на демократската меѓународна заедница како што ни се потребни и тие на нас, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија, што се одржува вечерва во Филхармонија, по повод Денот на независноста – 8 Септември.
Тој истакна дека „гласникот на слободата“ 8 Септември во предвечерието на овој голем и важен празник на македонската државност – Денот на независноста, повикува на нов сигурен чекор напред.
-Пред 32 години во 1991 година со мнозинска опреселба од над 95 проценти од граѓаните е остварен аманетот за сопствена независна македонска држава на геренрации зад нас, глас што одекнува од Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година. Триесет и две години подоцна пред нас е гласот на граѓаните во мнозинска определба од 80 проценти за живот во Европа, во Европска унија, но во родната Република Северна Македонија – рече Ковачевски.
Генерациите на денешнината, наведе, имаат обврска да се одзват на повикот на денешниот 8 Септемрви кој од нас бара контиунитет на вековно поставена идеја за прогрес и напредок.
-Ова е шанса која доаѓа во време кога РСМ е меѓународно етабилирана држава, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ, со осигурани граници, со признаен македонски јазик и идентитет, земја пример за успешна мултиетничка демократија, која придонесува во регионалниот и европскиот мир, како слободна и суверена држава, членка на НАТО, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ – наведе Ковачевски.
На академијата, насловена „32 години независност“, присуствуваат членови на Владата, претставници на институции, на академската заедница, стопанственици, дипломатскиот кор…
Академијата почна со интонирање на државната химна и проекција на документарен материјал за државата, а историски осврт изнесе Александар Литовски од Институтот за национална историја.
Со академијата стартуваа активностите што ги организира Владата по повод Денот на независноста, а утре продолжуават со културни манифестации, промоции, спортски активности.