Фото: Принтскрин

Ќе се гради со македонските донации по земјотресот

Вкупно 63.380.807 денари во Македонија беа собрани за помош на Турција по земјотресот, објави Црвениот крст.

Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.

Црвениот крст на Македонија по направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија.

Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава, информираа од Црвениот крст.