ВМРО-ДПМНЕ нема информација каде е Никола Груевски, изјави денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-За статусот на неговиот фејбук профил ми кажаа колегите додека се подготвував за прес конференцијата. Немам информации каде е и што прави – рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција во партиското седиште.
Тој додаде дека со Груевски последен пат имал контакт пред 9 до 10 месеци. Арсовски уште рече дека не знае кога со него последен пат се видел лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.