Десет ракометари од Бурунди на возраст од 17 години исчезнаа во Хрватска, информира полицијата. Тие во текот на вчерашниот ден групно заминале во непознат правец од центарот на Риека.
– Според досегашните сознанија, се работи за десет ркометари родени 2006 година кои вчера се оддалечиле во непознат правец околу 15.30 часот. Тие беа сместени во студентскиот центар – информираат од полицијата.
На Светското младинско првенство во ракомет учествува и репрезентацијата на Македонија.