Експертите за патувања на агенцијата „Травелбаг“ направија листа на градови што ги сметаат за најубави за истражување по стемнување, низ светот и во Европа. Нивните критериуми за рангирање на најживописните градови за истражување во текот на ноќта ги вклучуваат бројот на хаштази на Инстаграм споделени на секоја локација, нивото на загаденост со светлина и бучава и колку е безбедна секоја локација за шетање во текот на ноќта.
Со своите светлосни претстави и култни облакодери, Дубаи е на врвот како најживописниот град во светот во текот на ноќта, а веднаш по него е Токио осветлен со неонски светла.
Создавајќи посебна листа за Европа, Рејкјавик го зазема првото место, благодарение на неговото ниско ниво на светлосно загадување. Дубровник го зазеде второто место, додека Хелсинки е на третата позиција на листата.

Топ 10 најживописни градови во текот на ноќта во светот:

Дубаи, ОАЕ
Токио, Јапонија
Сингапур
Мускат, Оман
Њујорк, САД
Хирошима, Јапонија
Кјото, Јапонија
Сиднеј, Австралија
Абу Даби, ОАЕ
Тајпеј, Тајван

Топ 10 најживописни градови во Европа ноќе:

Рејкјавик, Исланд
Дубровник, Хрватска
Хелсинки, Финска
Виена, Австрија
Загреб, Хрватска
Сан Себастијан, Шпанија
Минхен, Германија
Вилнус, Литванија
Мадрид, Шпанија
Лисабон, Португалија