Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, како и од Советот на општината предводена од претседателот Дејан Проданоски, претставници од политичките партии, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Со полагањето на цвеќе беше оддадена почит на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, и беше одбележана 66-годишнината од неговата смрт.
Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.
Долго време по неговата смрт, Ченто беше табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците. Постхумно е одликуван со „Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседатели на Македонија. Ка.М.