Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес и оти за тоа што би значело во иднина не мора да бараме туѓи искуства, бидејќи имаме свое искуство посочувајќи на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и она што се случуваше со земјата потоа, пренесе МИА.
-Ние не мора да бараме туѓи искуства, иако има доста, ние имаме сопствено искуство од 2008 година во однос на можните решенија во моментов и на можните решенија. И секако искуството покажува дека колку и да е, условно кажано, дилема по однос на моменталното решение, идното решение може да биде само полошо. Искуствено, во 2008 целиот државен врв замина на Самитот во Букурешт на НАТО со тоа дека вечерта ќе станеме членка на НАТО, преку ноќ таму се промени ставот и на крај после десет години апсолутно е заклучок сега кога ги имаме сите информации од тогаш дека последователното решени беше… Идејата е да се заврши со оптималното решение, да се внесат во Уставот и да продолжиме понатаму, не заради нас како политичка гаранитура во моментов што раководиме туку за иднината, вели Џафери во интервју за МТВ.
Запрашан за последните изјави на бугарскиот претседател во однос на нивни идни барања, рече дека за жал ние се раководиме од изјавите, а не од обврските.
-Такви изјави секојдневно ќе има. Искуствено пак ви кажувам решенија наа арбитража имаат и Словенија и Хрватска па ден денеска спорат дали е тоа тоа или не. Затоа има прашања кои ексклузивно ние што треба да правиме. Последиците од таквите изјави каде носат вода, носат вода во интерес на нас или носат вода некаде на трето место. Мој заклучок е дека таквите изјави ние само се приклучуваме носејќи вода на трето место а не за напи потреби, рече Џафери.
Претседателот на Собранието во однос на Комисијата за уставни прашања рече дека тој мора да обезбеди пропишано време за дебата, но динамиката зависи од конкретната дебата. Дебатата, вели тој, доколку се исцрпи не мора да трае до 9 август, како што е предвидено.
-По однос на моите надлежности како претседател на Собранието и на уставната комисија организациски ги преземав сите мерки и активности за да се подготви Собранието и да биде подготвено процесот да тече во најдобар тек, рече Џафери.
За барањата за предвремените избори на опозицијата, тој и се обрати на опозицијата: „ако е таа намерата повелете поднесете предлог до Собранието, ако има 61 глас да се распушти Собарнието“.
-За предвремени избори е имплицитно кажано дека треба да се распушти Собранието па да се оди на предвремни избори. Флоскулата е политичка дека вие сте за избори, а не иницирате, затоа што веројатно не се сигурни за бројките. И затоа велам дека приоритетот треба да се дава за она што ни е иднината, а не за идните избори, рече Џафери во интервјуто за националната телевизија.