Фото: ЦУК

Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес, пренесе МИА.

Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го контролираат теренот внатре во кругот на заградената депонијата, која и денеска се уште чади.

Од ЈКП„Дервен“ за МИА информираат дека депонијата е под контрола од нивни екипи и постојано се фрла песок со тешка механизација .

Целта е да се спречи повторно разгорување на пожарот, кој како и во изминатите лета најчесто го предизвикуваат високите температури и стакло, пластични шишиња и друг запалив отпад фрлен на депонијата, а кој лесно се пали на топлото време.