ТУР ДЕ ФРАНС

Шпанскиот велосипедист Пело Билбао победи на ридската 10-та етапа на велосипедската грантур-трка Тур де Франс, долга 167 километри. Данецот Јонас Винегард го задржа водството во генералниот пласман, но Билбао се искачи на петтото место, над британското трио, близнаците Адам и Сајмон Јејтс и Том Пидкок. Победата на Билбао беше негова прва на која било грантур-трка (Тур де Франс, Џиро д’Италија и Вуелта).

Актуелниот шампион на Тур де Франс, Винегард води со 17 секунди предност пред неговиот најблизок ривал, двократниот победник Тадеј Погачар. Вчера на програмата беше 11-та етапа, долга 179,8 километри.

Генерален пласман по 10 етапи: Јонас Винегард, Тадеј Погачар (плус 17 секунди), Џаи Хиндли (плус 2:40 минути), Карлос Родригез Кано (плус 4:22 мин.), Пело Билбао (плус 4:34 мин.)…