Фото: Маја Јаневска-Илиева

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА

Актуелниот европски првак Манчестер сити закажа средби со Јокохама, Баерн и со Атлетико М. Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, пак, за новата сезона ќе се подготвува со средбите со Милан, Манчестер јунајтед, Барселона и со Јувентус, кој, пак, ќе се сретне и со Барселона и со Милан. Манчестер јунајтед ќе игра со Лион, Арсенал, Реал М., Борусија Д. и со Атлетик, Барселона ќе се тестира и со средбите со Арсенал и со Милан итн.

Со денешниот меч на германскиот Нирнберг и англискиот Арсенал почнува серијата пријателски средби на некои од учесниците во новата сезона на европските фудбалски купови есенва, Лигата на шампионите (ЛШ), Лига Европа (ЛЕ) и Конференциската лига (КЛ), како подготовка и за домашната сезона, која треба да почне во август. Според некои двојки објавени во британски медиуми, летово ќе има многу меѓународни дерби-средби и меѓусебни мечеви помеѓу тимови од исти земји, меѓу нив и шпанското т.н. ел класико, многу репризи на финалиња од претходните сезони на ЛШ…

Така, на пример, актуелниот европски првак Манчестер сити закажа средби со Јокохама, Баерн и со Атлетико Мадрид, а ќе игра и со Арсенал, во Суперкупот на Англија. Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, пак, за новата сезона ќе се подготвува со средбите со Милан, Манчестер јунајтед, Барселона и со Јувентус, кој, пак, ќе се сретне и со Барселона и со Милан. Манчестер јунајтед ќе игра со Лион, Арсенал, Реал М., Борусија Д. и со Атлетик, Барселона ќе се тестира и со средбите со Арсенал и со Милан итн.

Следните најавени дуели за идната недела се, на пример, Глазгов ренџерс – Њукасл (18 јули), Манчестер јунајтед – Лион, Карлсруе – Ливерпул (двете на 19 јули), Барселона – Јувентус, Манчестер јунајтед – Арсенал (22 јули, двете во САД), Јокохама – Манчестер сити (23 јули) и Реал Мадрид – Милан (23 јули во САД)
Потоа, до крајот на јули се, на пример, средбите Гројтер фирт – Ливерпул (24 јули), Манчестер сити – Баерн (26 јули, Јапонија), Арсенал – Барселона (26 јули, САД), Тотенхем – Рома (26 јули, Сингапур), Манчестер јунајтед – Реал Мадрид (27 јули), Јувентус – Милан (27 јули, двете во САД), Челси – Њукасл (27 јули, САД), Барселона – Реал Мадрид (29 јули, САД), Рен – Вест хем (29 јули), Манчестер сити – Атлетико Мадрид (30 јули, Јужна Кореја), ПСВ Ајндховен – Нотингем форест (30 јули), Манчестер јунајтед – Борусија Дортмунд (31 јули, САД), Кристал палас – Севилја (31 јули, САД)

На 1 август се мечевите на неутрален терен на два континента, Барселона – Милан (во САД) и ПСЖ – Интер (во Јапонија), а потоа следуваат дуелите Арсенал – Монако (2 август), Валенсија – Астон вила (2 август), Ливерпул – Баерн (2 август, Сингапур), Реал Мадрид – Јувентус (2 август, САД), Челси – Борусија Дортмунд (3 август, САД), Валенсија – Астон вила (5 август), Евертон – Спортинг (5 август, САД), Ајнтрахт – Нотингем форест (5 август), Манчестер јунајтед – Атлетик Билбао (6 август, Република Ирска), Атлетико Мадрид – Севилја (6 август, САД), на 6 август е дуелот од Суперкупот на Англија помеѓу Арсенал и Манчестер сити итн.