ЕП ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 19 ГОДИНИ

Португалија – Норвешка и Шпанија – Италија се двојките за утрешното полуфинале на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 19 години, што се игра на Малта. Во однос на ланското континентално првенство за таа возрасна категорија, сега само репрезентацијата на Италија одново е меѓу четирите најдобри.

Селекцијата на Шпанија ќе игра за рекордната 12-та титула (сега е израмнета со Англија со по 11 трофеи), Португалија за петтата, Италија за четвртата, а Норвешка за првата (досега најдобар пласман ѝ е третото место, остварено на ЕП 1992).
По групната фаза (играа осум репрезентации поделени во две групи) од полуфиналистите само Португалија има максимален ефект од три победи на трите меча.

Годинава се одиграа младинските европски првенства и за фудбалери до 17 и до 21 година, на кои пехарите ги освоија репрезентациите на Германија, односно на Англија.