Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

Од цврсти централни бекови, преку централни плејмејкери до ефикасни играчи во нападот, фудбалот има историја на одлични партнерства. Но кои двојки биле најплодни во историјата на англиската фудбалска Премиер-лига? „Би-би-си“ направи листа на најдобрите 10 двојки, кои заедно имале најмногу голови и асистенции меѓусебе во англиската врвна фудбалска лига од сезоната 1992/93.

На врвот на оваа листа се Хари Кејн и Сон Хеунг-мин со 47 заеднички гола за Тотенхем. Од тие 47 гола, Сон има предност со голови со 24 наспроти 23 на Кејн.

На листата потоа се Дидие Дрогба и Френк Лампард (36 комбинирани голови за Челси), Роберт Пирес и Тиери Анри (29 за Арсенал), Давид Силва и Серхио Агуеро (29 за Манчестер сити), Дарен Андертон и Теди Шерингем (27 за Тотенхем), Мохамед Салах и Роберто Фирмино (25 за Ливерпул), Роби Фаулер и Стив Мекманаман (24 за Ливерпул), Фреди Јунгберг и Тиери Анри (24 за Арсенал), Мохамед Салах и Садио Мане (22 за Ливерпул), и Алан Ширер и Нолберто Солано (22 за Њукасл).