На помалку од седум дена пред клучниот самит на НАТО во Вилнус, Соединетите Држави отфрлија секоја можност Украина да добие забрзана покана за западниот одбранбен блок.
– Мислам дека Украина не е подготвена за членство во НАТО – изјави американскиот претседател Џо Бајден за „Си-eн-eн“. Не мислам дека има договор во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде војна – рече Бајден.
– Ако војната продолжи, тогаш сите сме во војна. Ние сме во војна со Русија, ако тоа е така – рече Бајден, мислејќи на пактот за колективна одбрана што е суштината на Северноатлантскиот договор.