Во првиот натпревар од третото коло од европскиот Челинџ куп за жени синоќа во спортската сала во Куманово ракометарките Куманово загубија од холандската екипа Геониус со 15:39 (9:18) со што пред вечерашниот реванш натпревар шансите за пласман во наредното коло ги сведоа само на теоретски.

Ракометарките на Куманово оваа година се чини немаа среќа во жрепката за европскот Челинџ куп бидејки синоќа во спортската сала во Куманово иако беа домаќинки наидоа на силен противник против кој што навистина немаа шанси да направат нешто повеќе од овој навистина висок пораз. Гостинските ракометарки од Холандија пак уште во првата половина од првиот дел од натпреварот направија солидна предност од позитива од + 7-8 гола која што предност ја задржаа до крајот на полувремето, па на одмор заминаа со резултат од (9:18). И во второто полувреме на паркетот ништо не се измени во однос на резултатот а супериорните гостинки разликата од минит во минут ја зголемуваа па на крајот сосема заслужено стигнаа до висока победа од дури 15:39.

Бидејки во оваа трето коло од Челинџ купот екипата на ЖРК Куманово и двата натпревари ги игра како домаќин на ракометарките на Куманово вечерва во реваншот им преостанува само шанса да заиграат малку подобро и да го поправат лошиот впечаток на синоќешниот натпревар и да се обидат да стигнат до речиси невозможното односно барем до една победа од двата натпревари што реално гледано во моментов изгледа како невозможна мисија. Но како што во спортот некогаш се случуваат големи изненадувања спортски е оваа генерација на млади талентирани ракометарки на Куманово да се надева на успех на вечерашниот натпревар.

Кај домашната екипа на Куманово најефикасни ракометарки на натпреварот беа Јована Кипријановска со 4 и Сања Дабевска со 3 гола додека пак кај победничката екипа на Геониус од Холандија, Росане Биџерс со 8 и Колен Кели со 6 постигнати голови.

Т.Д.