Зградата на приватната паравоена организација „Вагнер“ во Санкт Петербург е оградена и опколена.
На влезот има полицајци и припадници на Националната гарда, а ситуацијата околу оваа зграда моментално е мирна, пренесе „ТАСС“.
Неколку полициски автомобили се паркирани пред седиштето на Вагнер, а група новинари кампуваат преку улицата од зградата.
Органите на редот во Санкт Петербург заедно со градските власти ја контролираат ситуацијата, но безбедносните мерки во градот се зајакнати – соопшти прес-службата на градската управа.
– Ситуацијата во Санкт Петербург е мирна и под контрола. Гувернерот Александар Беглов е во постојан контакт со раководителите на органите на редот во градот. „Во Санкт Петербург остануваат на сила зајакнати безбедносни мерки – соопшти прес-службата.