Бугарското Министерство за надворешни работи објави дека добиле информација за напад извршен денеска врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.
-Според првичните податоци, на жртвата ѝ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница – велат од бугарското МНР.
Се додава дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.
-Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза – се наведува во соопштението на бугарското МНР.