Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица.
Со оваа соработка Шпаркасе Банка заедно со АМСМ создадоа единствена картичка од овој тип на пазарот, со цел доближување што повеќе до потребите на клиентите и на
членовите, проширување на палетата производи и бенефити за нив и пружање врвен
квалитет на услуга.
– Станува збор за VISA АМСМ кобрендирана револвинг кредитна картичка, која на корисниците им овозможува сигурност при патување преку услугите на АМСМ за
бесплатна помош на пат во случај на дефект на возило во земјава и во Европа и
бесплатно годишно патничко осигурување. Од друга страна, со приложување на
картичката имаат можност да заштедат од 5% до 20% во повеќе од 200 внимателно
избрани продажни места. Користејќи ја картичката, за направени кумулативни трансакции од 30.000 МКД во текот на еден квартал на кои било продажни места, корисниците добиваат поврат на средства од Шпаркасе Банка во износ од 1.500 МКД, а дополнителен бенефит е можноста да ја добијат оваа картичка без апликативни трошоци – изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.
– Оваа картичка е одговор на барањата и на потребите на нашите членови и искрено се
надевам дека набрзо ќе стане единствена картичка што ќе им биде потребна, картичка со која не само што безгрижно ќе патуваат во земјава и во странство, туку и ќе плаќаат и ќе купуваат – изјави проф. д-р Спасе Јовковски, претседател на АМСМ.
Шпаркасе Банка е членка на Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
Како резултат на своето 78-годишно постоење, АМСМ е единствената мобилити членка на ФИА (Светската автомобилска федерација) од нашата земја, и член и овластен провајдер на услугите за патна асистенција на ARC EUROPE, мрежа на европските водечки авто-мото клубови.
Комерцијална објава