Неделен лабораториски извештај за квалитетот на водата за пиење во Скопје
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје за подобра информираност на граѓаните на градот Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.5.2023 до 19.5.2023 зеде 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот Скопје.
– Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18) – информираа од претпријатието.