Домување

Кога готвиме дома, често може да се случи да заборавиме на некои правила што ги користат познатите готвачи. Набрзина често забораваме да ставиме престилка или случајно да го измешаме сосот со лажица со која претходно сме го пробале јадењето. Сепак, ваквите ситуации треба да ги избегнуваме заради сопствена безбедност, бидејќи на овие начини се шират различни бактерии, кои можат да предизвикаат труење со храна.
Старите намирници ги оставате на дното од фрижидерот: За да не истече краткиот рок на траење на одредени намирници, треба да ги чувате на видно место. Затоа, препорачливо е храната што штотуку сте ја купиле да ја ставите на дното на фрижидерот.
Оставате различни намирници во фрижидерот: Ако мислевте дека не е важно каде оставате одредени намирници во фрижидерот, сте се излажале. Постојат јасни правила за тоа каде одредена храна треба да се чува во фрижидер за да се избегне контаминација. Ова најмногу се однесува на суровата храна како што е месото, кое треба да биде на дното на фрижидерот, додека зеленчукот треба да биде на полиците погоре.
Ги сушите садовите на кујнска крпа: Кујнските крпи се идеално место за размножување на бактериите, па затоа не треба да ги користите за секојдневно сушење на садовите. Иако за многумина тоа е незамисливо, бидејќи крпата главно се користи за бришење влажни садови, се препорачува сепак да се остават да се исушат во пластична цедалка за садови.
Ги складирате дрвените штици пред да ги исушите: Дрвените штици за сечење треба добро да се исушат пред да ги вратите на своето место, бидејќи тие се еден од највалканите предмети во вашата кујна. Исто така, никогаш не треба да ги ставате овие штици една врз друга, туку само во исправена положба, за да не се формира влага.