Kучињата скитници ја влошуваат и хигиената во Кичево бидејќи влечат отпад од полните контејнери и создаваат мини депонии. Затоа градското комунално претпријатие ги оградува контејнерите со мрежи.
-На овој начин ќе бидат целосно недостапни за глутниците гладни кучиња. Покрај контејнерите на кои поставивме заштитни мрежи нема расфрлано ѓубре – вели директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи.
Тој уште еднаш апелира до граѓаните да не одлагаат во контејнерите за комунален отпад градежен шут, за да не се оштетуваат специјалните возила. З.А.