Луа-Луа, Нилсен, Куртоа, Кутињо, Мориентес, Коман, Фертонген се дел од играчите што како позајмени настапиле против матичниtте клубови и одиграле одлично
За разлика од англиската Премиер-лига, во натпреварите на Европската фудбалска унија (УЕФА) е дозволено фудбалерите да играат против своите постојани работодавци како позајмени играчи, а „Би-би-си“, откако Жоао Кансело стана нов фудбалер што играше против својот матичен клуб, со Баерн се сретна со Манчестер сити во четврт-финалето на Лигата на шампионите, издвои некои други случаи кога фудбалери играле против своите матични клубови. До 2003 година, клубовите од англиската Премиер-лига не можеа да ангажираат фудбалери на заем од другите тимови во дивизијата. Тоа правило требаше повторно да се измени поради Ломана Луа-Луа. Портсмут потпиша со крилниот напаѓач од ДР Конго со тримесечен договор за заем од Њукасл во февруари 2004 година, првата сезона кога таквите потези беа дозволени. Четири недели подоцна, на својот прв меч за Портсмут тој постигна израмнувачки гол во 89. минута против својот матичен клуб.
– Бев малку изненаден што ми дозволија да играм, тоа не е вообичаено во вакви договори – рече Луа-Луа.
Њукасл подоцна ја пропушти Лигата на шампионите таа сезона за четири бода, Луа-Луа трајно му се приклучи на Портсмут на крајот на сезоната и Премиер-лигата одлучи дека позајмените играчи повеќе не можат да се соочат со своите матични клубови, пишува „Би-би-си“.
Дејвид Нилсен му се приклучи на Норич од ривалот од Првата дивизија (сега Чемпионшип) Вимблдон како позајмен играч во декември 2001 година. Во својот втор натпревар, тој се соочи со Вимблдон, го отвори резултатот со удар со глава, а потоа доби пенал, кој го реализира Иван Робертс. Голманот на Вимблдон, Келвин Дејвис, беше толку лут на играчот што технички уште му беше соиграч, што ја фрли топката кон Данецот и беше исклучен. Норвич победи со 2-1, а Нилсен подоцна им се придружи откако постигна пет гола во пет натпревари и го надминаа Вимблдон во трката за плејофот.
Кога Челси му го позајми Тибо Куртоа на Атлетико Мадрид трета сезона по ред, тие рекоа дека ако тимовите се сретнат во Лигата на шампионите, голманот може да игра само ако Атлетико им плати пријавена сума од 2,5 милиони фунти по натпревар, пишува „Би-би-си“. Во полуфиналето во сезоната 2013/2014, двете екипи навистина беа извлечени една против друга, но Атлетико рече дека не може да си дозволи да ја плати таксата. Тие отидоа до УЕФА, која рече дека таков договор што „може да функционира на таков начин што ќе влијае на тоа кој ќе игра за еден клуб во натпревар е ништовен, неважечки и неприменлив“, а Куртоа може да игра без да плати пет милиони фунти. Белгиецот ја зачува мрежата во првиот натпревар без голови и направи четири одбрани на гости, додека неговиот тим се пласира понатаму со вкупен резултат 3-1. Тој потоа продолжи со кариера со својот матичен клуб, поминувајќи ги следните четири сезони како број еден во Челси, пред да му се приклучи на Реал Мадрид.
Барселона го ангажира Филипе Кутињо од Ливерпул во 2018 година, а бразилскиот напаѓач му се приклучи на Баерн на заем во сезоната 2019/2020, а постигна два гола и асистираше во нивната победа со 8-2 против Барселона во Лисабон во едниот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите, пишува „Би-би-си“. И покрај тоа, Баерн ја одби можноста да го ангажира Кутињо и тој две години подоцна замина во Астон Вила.
Фернандо Мориентес ја освои Лигата на шампионите трипати во шест полни сезони во Реал Мадрид, но исто така помогна Реал да биде елиминиран. Во сезоната 2003/2004 тој му се приклучи на Монако на заем за една сезона и постигна гол во двата меча од нивниот четвртфинален трилер со Реал Мадрид, кој го добија според правилото за голови на гости, по вкупен резултат 5-5.
– Ми беше многу тешко. Пред мене беа сите мои пријатели, моите стари соиграчи, моите големи пријатели Раул, Фиго, Зидан. Се обидувате да бидете професионални во тој момент – рече тој години подоцна, пренесе „Би-би-си“.
Шпанскиот напаѓач ја освои „златната копачка“ во Лигата на шампионите таа сезона со девет гола, а неговиот привремен тим го загуби финалето од Порто. Мориентес се врати во Реал Мадрид во почетокот на следната сезона, но му се приклучи на Ливерпул шест месеци подоцна.
Матични клубови, поранешни клубови, не е важно, Кингсли Коман постигнува голови против нив во Лигата на шампионите. Францускиот крилен напаѓач, чии тимови освоија шампионска титула во секоја од неговите први 10 сезони како професионален фудбалер, му се приклучи на Баерн како позајмен од Јувентус во сезоната 2015/2016. Во меѓусебниот меч во осминафиналето на Лигата на шампионите, тој му асистираше на Томас Милер за гол во судиското продолжение за да се играат продолженија, а потоа постигна гол во 110. минута, а тимот во кој е позајмен победи со вкупен резултат 6-4. Тој му се приклучи на Баерн трајно и во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година го постигна единствениот гол против својот прв клуб, Пари сен Жермен.
Ајакс му го позајми младиот белгиски дефанзивец Јан Фертонген на Валвијк во јануари 2007 година, а на 8 април, на четири натпревари до крајот на сезоната, тој постигна гол во ремито 2-2 на Валвијк со Ајакс. Три недели подоцна Ајакс ја загуби титулата на гол-разлика од ПСВ Ајндховен, а Валвијк, сепак, испадна. Ајакс и Фертонген чекаа уште четири години за заедно да ја освојат титулата, пишува „Би-би-си“. Н.М.