Компанијата на Илон Маск „Спејс икс“ за првпат успешно ја лансираше новата генерација на ракетата „Старшип“, но ракетата експлодираше во воздухот неколку минути подоцна. Ракетата висока 120 метри беше лансирана на својот прв пробен лет без екипаж од полигонот Старбејс на „Спејс икс“ источно од Браунсвил, Тексас.
„Спејс икс“ се надеваше дека ракетата ќе лета во најдобар случај 90 минути. Меѓутоа, по помалку од четири минути, леталото експлодирало.
-Како самото лансирање да не беше доволно возбудливо, Старшип доживеа брзо и непланирано расклопување пред да се одвои од рампата – твитна „Спејс икс“ по тестот.
Илон Маск се огласи на Твитер неколку минути по лансирањето и експлозијата на најмоќната ракета на светот.
-Честитки до екипажот на Спејс икс за овој одличен пример на пробен лет – напиша Маск на Твитер.
Тој вети продолжение.
-Научивме многу за идниот пробен лет што ќе следи за неколку месеци – најави Маск.
Од „Спејс икс“ нагласуваат дека главната цел била успешно лансирање, а се после тоа би било само бонус во оваа фаза на тестирање. Тие најавија натамошно продолжување на тестирањето.
Пробниот лет на комплетниот „Старшип“ требаше да биде направен во понеделник на 17 април, но тој обид беше откажан во последен момент.
Congrats @SpaceX team on an exciting test launch of Starship!
Learned a lot for next test launch in a few months. pic.twitter.com/gswdFut1dK
— Elon Musk (@elonmusk) April 20, 2023