Автор: Д-р Насир Муслиу, оториноларинголог
Хроничен ринитис е долготрајна или постојана инфламаторна состојба на назална слузница, со хронично оштетена и изменета назална слузница . Почесто се јавува над 20 годишна возраст, а може и порано.
Се манифестира со:
– постојано затнат нос, тешкотии при дишење;
– кивање;
– секојдневен проток на обилен, често леплив секрет од носот кој се слева и низ епифариксот;
– главоболка;
– нарушено чувство за мирис;
– непријатност, кашлање;
-‘рчење, ноќна апнеа;
– нарушен сон.
Сите овие промени секојдневно го оптоваруваат и го вознемируваат болниот, ги намалуваат удобноста и квалитетот на животот со спречување за правење и на нормални секојдневни активности и со тенденција за изолација од околина.
Најчести причнители за појава на ова состојба се:
– чести акутни несоодветно третирани инфекции на носот;
– надворешни причинители (прашина со разни штетни субстаници со тенденција на оштетување на назална слузница) ;
– несоодветно третиран алергиски ринитис,
– пореметena дренажа на носен секрет кај детска возраст поради аденоидни вегетации; – крив носен септум;
– хронични ендокрини, васкуларни, бубрежни, хепатални пореметувања;
– несоодветно и неконтролирано користење на деконгестиви;
– генетски фактори (луѓе кој немат HLA-DQ2*03 – почесто се изложени на хронични промени на носот).
Промените настануват постепено со јак едем на назална слузница, вазодилатација, oштетувања на цилиите, ситноклеточна инфилтрација, со местимична метаплазија на епитeлот од цилиндричен на плочаст,мали и поголеми дефекти на епителот.
Риноскопски се забележува хиперемиа, намален простор за дишење преку нос, хипертрофија на носните конхи, едемаозна слузница покриена со секрет.
Дополнитени испитување кој се користат кај хроничен ринит се: лабараториски испитувања, ендоскопија, риноманометриа, радиографија, КТМ и др.
Наведените промени се добра подлога за бактериска инфекција (почесто Moraxella catharralis, Haemophilus influence, Streptococcus pneumonie, Staphilococcus aureus). Во таква ситуација секретот во носот е слузаво-гнoен, со поизразена горенаведена симптоматологија.
Во ова фаза со соодветна, долготрајна медикаментозна терапија, со адекватен режим на хигиената на носот, на време и адекватно третирање на алергиски ринитис, избегнувајќи ги штетните надворешни причинители, климатерапија, може да се постигне задовoлително подобрување и задоволителна ремисија на настанатите промени, со намалување на едемот на слузницата, подобрување на секрецијата во правец на намалена секреција и подобрување на соствот на секретот кој од леплив стануво по воденаст.
Во медикаментозниот третман се препорачуват локално:
-интраназалните кортикостероиди во вид на спреј (со моќен локален антинфламаторен ефект, со продолжено задржување во назалната слузокожа, со голем индекс на безбедост за долго користење);
– физиолоски раствори во вид на насален спреј;
– иновативен ClariFix -третман и други.
Медикаментозниот третман може да се надоплни и со чести промивки со физиолшки раствор – хипертоничен солен растовор кој разблажува секретот во носот и помага за брзо и лесно дренирање .
Во случај на несоодветно и невремено третирање на хроничните промени на назална слузница, истите напредуваат во иреверзибилна фаза, со многу поинтензивна и секојднева симптоматологија, без тенденција за ремисија, со хипертрофични промени на носната мукоза, метаплазија на епителот со појава на изразена фиброза, појава на цистиформни шуплини во епителот, изразено периваскуларно инфилтрации, назална полипоза, проширени одводни канали на секреторните жлезди, со цитични проширења во ацинусите на самите жлезди со промена на квалитетот на секретот, со можни компликаци као синузити, отити, промени во долните респираторни патишта.
Во овај напреден стадиум поред медикаментозна терапија има потреба за инвазивна хируршка интервенција (septoplastica , conchotomia , submucоzna radiofrekventna resekcia concha nasalis, polypectomia…).