Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун нареди првиот воен шпионски сателит кој штотуку беше конструиран, да биде лансиран според планираното, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Конструкцијата на сателитот беше завршена овој месец, а Ким нареди лансирањето да се одвива според планот даден за време на посетата на севернокорејската вселенска агенција.
Детали за датумот на лансирање не се објавени.
Во своето обраќање до претставниците на вселенската агенција, Ким зборуваше за распоредувањето на „неколку сателити за извидување во различни орбити“.