Фото: Пиксабеј

Германија ѝ го испорача на Украина одбранбениот систем „Патриот“ за да помогне да се заштити од руските ракетни напади. Системот беше наведен синоќа на веб-страницата на германската Влада во која се каталогизираат испораките на германско оружје за Украина.

„Патриот“ е еден од најнапредните системи земја-воздух во светот. Може да се користи за борба против непријателски авиони, балистички ракети и крстосувачки ракети.

Германија и САД се согласија да и обезбедат на Украина еден од системите што се клучни за спротивставување на руските напади врз цивилната инфраструктура.

Украинските војници поминале низ германска и американска обука на локација во земја членка на НАТО, каде што се одржувале и заеднички вежби, изјавија за ДПА извори блиски до германската армија.