Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина отсегокаш внимателно и одговорно се однесувала кон извозот на воени копоненти.
– Низ историјата, Кина иницираше нормална трговска соработка со сите земји, вклучително и Русија, врз основа на еднаквост и заемна корист – се наведува во соопштението на кинеското МНР.
Соопштението уследи откако советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Владислав Власиук изјави дека во запленетото и пронајденото оружје на бојното поле биле пронајдени различни електронски делови.
– Трендот сега е да има помалку компоненти произведени на Запад, но повеќе, не е тешко да се погоди, компоненти од Кина – истакна Власиук.
Се повеќе кинески делови во руско оружје