Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Велигден на православните христијани, нагласувајќи дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји.
На овој празничен ден, со чувство на длабоко задоволство, сакам да ја истакнам креативната, навистина подвижна активност на Руската православна црква и другите христијански деноминации, насочени кон зачувување на нашето најбогато историско и културно наследство, решавање на клучни општествени проблеми, зајакнување на семејните институции, едукација на младите, усогласување на меѓуверските и меѓуетничките односи – рече Путин во честитката, пренесува Интерфакс.
Vladimir Putin came to the Easter service at the Cathedral of Christ the Savior in Moscow.
Happy Holidays, Christians!
Christ is Risen! pic.twitter.com/jUhFIHUJbe— Spriter (@Spriter99880) April 15, 2023
Рускиот претседател истакна дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји и дека денес, соочени со сериозни предизвици, активно се вклучува во дела на милосрдие, помагајќи им на луѓето да најдат силна духовна поддршка.
Според Путин, Велигден им дава надеж на верниците, ги поттикнува добрите мисли и дела и служи за афирмирање на високи морални идеали и вредности во општеството.
Vladimir Putin na Vaskšnjoj liturgiji pic.twitter.com/7Ipt2uCpRp
— Pluton (@Pluton45873221) April 16, 2023
Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин присуствуваа на полноќната велигденска литургија во црквата Христос Спасителот во Москва, која ја отслужи патријархот московски и на цела Русија, Кирил.