Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со зборовите „Христос воскресе, навистина воскресе!“, православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, се одржа литија по рамки на чествувањето на Христовото воскресение – Велигден. Стотици граѓани се приклучија на литијата, предводена од архепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Се читаше и од светото Евангелие по Марко.

Архиепископот г.г. Стефан на полноќ им се обрати на верниците пред соборниот храм во Скопје и го честиташе празникот. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

И туристите кои изминативе денови дојдоа во Охрид, вечерва празнуваат во црковните храмови. На 30 минути пред полноќ, река од народ, дојде на Плаошник во црквата „Свети Пантелејмон“. Верниците меѓусебно си посакуваат празникот да им донесе здравје и среќа, откако ја слушнаа црковната молитва.

Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга исто така беше исполнета со верници кои во храмот ја дочекаа веста за Христовото воскресение. Жителите на Струга, заедно со иселениците кои празничните денови ги минуваат во родниот крај, си го честитаа празникот.