Грција остро ја осудува употребата на хемиско оружје и ги поддржува обидите за нивно искоренување, а дипломатијата одново треба да се врати во прв план и да продолжат напорите во рамките на Обединетите нации, соопштуваат од грчкото Министерство за надворешни работи во врска со ракетните напади во Сирија.
Министерството за надворешни работи на Грција смета дека целта на меѓународната заедница треба и понатаму да биде изнаоѓање политичко и одржливо решение во Сирија , што ќе го врати мирот и во земјата и во регионот, а со тоа ќе им дозволи и на милиони бегалци да се вратат во нивните домови.
– Во оваа насока ќе треба сите да придонесеме директно кон деескалација на ситуацијата и да се зајакнат напорите за прекин на огнот и пристап на хуманитарна помош до погоденото население. Дипломатијата треба да се врати во прв план и да продолжат обидите во рамките на Обединатите нации- пишува во соопштението од грчкото МНР.