Одржана работилница на Рурална коалиција „Градење на дијалог и соработка на бизнис заедницата и општината“
Рурална коалиција реализира работилница со работен наслов „Градење на дијалог и соработка на бизнис заедницата и општината“ во присуство на претставници од општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, како и на на локалната акциска група „Треска“ и на Регионална стопанска комора.
Опширно излагање имаше извршната директорка на Рурална коалиција, Лиле Јоноска која стави главен акцент на прашањето зошто е потребно да се гради и унапредува дијалогот помеѓу општината и локалните чинители.
– Денешниот ден ни беше посветен на унапредување на дијалогот и соработката кои ги имаат бизнис-заедницата, општината и ние како граѓани и граѓански организации. Денес беа присутни и претставници на Регионалната стопанска комора, кои се главни двигатели на соработката со останатите чинители во општина Кичево, и се потенцираа неколку предизвици со кои се соочуваат бизнис-заедницата и останатите чинители, односно постои можност за зголемување на довербата и соработката помеѓу едни и други, а се со цел сите да придонесеме за се потранспарентни општини и институции и ние како граѓански организации – рече извршната директорка Јоноски.
Таа агласи дека денес биле согласни оти е потребно да имаат многу почести средби на кои ќе се дискутира за предизвиците на општината, а ги иницира наредните средби кои треба да се реализираат во блиска иднина.
Претседателот на Регионалната стопанска комора Игор Соколески нагласи дека треба да се работи на реализација на конкретни проекти, кои ќе придонесат за позабрзан економски развој на општините и само со стопански развој ќе се намали иселувањето. З.А.