ЏУДО

Македонската сениорска џудо-репрезентација во состав Еди Шерифовски (во тежинска категорија до 81 кг) и Андреј Чакаровски (до 90 кг), предводена од селекторот Горан Мицкоски, моментно е во чешкиот град Нимбург, каде што до сабота се одржува олимписки тренинг-камп наречен „ОТК Нимбург 2023“.
– На овој олимписки тренинг-камп учествуваат вкупно 488 џудисти од 43 земји. Се одржуваат двапати дневно спаринг-борби, со цел проверка и подигнување на формата на учесниците. Условите овде се извонредни, а овој олимписки спортски комплекс истовремено претставува и тренинг-центар за подготовки на врвните спортисти на Чешка во повеќе спортови.
Од Шерифовски и Чакаровски се очекува да имаат успешен тренинг-настап на овој олимписки камп, кој наедно ќе им послужи и за стекнување искуство повеќе во оваа конкуренција. Г.И.