Арон Роџерс и Патрик Махомес

Најплатен играч е сепак блескавиот Арон Роџерс, квотербекот на Грин беј пекерс од 2005 година, кој го предводеше на Супербоулот во 2011 година. Со 39 години, тој има договор вреден 150,8 милиони долари на три години, односно 50,26 милиони по сезона

НФЛ-ЛИГА

Бековите се веројатно најобожаваните играчи од навивачите на секој тим од НФЛ-лигата во американскиот фудбал и тоа може да резултира со поголеми плати. Клубовите се обидуваат да ги градат своите тимови и да останат во рамките на границите на платите. Четири играчи се означени со франшиза, што, пак, им обезбедува голема плата. Ги издвојуваме ги деветте бека што ќе заработат над 40 милиони долари за сезоната 2023.
Даниел Џонс (25) беше избран од Џајантс во првиот круг на драфтот во 2019 година како иден потенцијален проект. Сезоната 2022 во Шарлот беше негова најдобра откако пристигна во Њујорк.
Дак Прескот ќе заработи, како и Џонс, 160 милиони долари во текот на четирите сезони. Тој е бек на Далас од 2016 година, а актуелниот договор го потпиша во март 2021 година.
Метју Стафорд е третиот бек што заработил 160 милиони долари за четири години. Тој беше дел од Детроит од 2009 до 2020 година, а потпиша со Лос Анџелес во 2021 година.
Џош Ален ќе заработи 258 милиони долари за шест сезони, по стапка од 43 милиони долари годишно. Беше бек на Бафало билс од 2018 година.
Патрик Махомес е најдобриот бек во НФЛ-првенството, но не и најплатен. Ѕвездата на Канзас сити, клубот со кој има освоено два супербоула (2020 и 2023), има договор вреден 450 милиони долари за 10 сезони, по стапка од 45 милиони долари годишно.
Дешон Вотсон е четвртиот најплатен бек во тамошната НФЛ-лига. Откако играше за Хјустон (2017-2021), тој потпиша за Кливленд минатата сезона. Ќе биде платен 230 милиони за пет години, по стапка од 46 милиони долари по сезона.
Кајлер Мареј е бек на Аризона од 2019 година. Тој има договор од 230,5 милиони долари за пет сезони, односно 46,1 милиони долари годишно.
Расел Вилсон го предводеше Сиетл, каде што играше од 2012 до 2021 година, освојувајќи ја титулата во Супербоулот во 2014 година, а во 2022 година потпиша со Денвер астрономски петгодишен договор од 49 милиони долари по сезона или вкупно 245 милиони долари.
Најплатен играч е сепак блескавиот Арон Роџерс, квотербекот на Грин беј пекерс од 2005 година, кој го предводеше на Супербоулот во 2011 година. Со 39 години, тој има договор вреден 150,8 милиони долари на три години, односно 50,26 милиони долари по сезона. Г.И.