ПЛИВАЊЕ
Австралијката постигна време од 2:03.14 минути, надминувајќи го резултатот на Американката Реган Смит за 21 стотинка
Австралиската пливачка Кајли Мекион постави нов светски рекорд во трката на 200 метри грбно, на државното првенство во Нов Јужен Велс. Таа
постигна време од 2:03.14 минути, надминувајќи го резултатот на американската пливачка Реган Смит за 21 стотинка, постигнат на Светското првенство (СП) 2019 година во кинескиот град Гвангжу.
Девојката родена пред 21 година е трикратна олимписка шампионка од ЛОИ во Токио. Таму беше најбрза во трките на 100 и 200 метри грбно, како и во штафетата 4 х 100 мешано. Комплетната доминација на 200 грбно, Мекион ја потврди минатата година, кога на СП одржано во Будимпешта (Унгарија) стигна до титулата светска шампионка. Г.И.