Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест што може да открие и ковид и грип.
Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт.
Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години.
Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност.
Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од ковид-19 и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува „Си-ен-ен“.
Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста.
Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА.