Земјите од Европската унија денеска не успеаја да се договорат за нов сет на санкции против Русија што ги планираа за првата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, објави денеска Ројтерс.
Агенцијата наведува дека е неопходно 27-те земји-членки на ЕУ едногласно да се договорат за воведување санкции.
Цитирајќи неименуван извор, Ројтерс објави дека Полска го блокира пакетот поради предложените исклучоци од забраната за увоз на руска синтетичка гума во ЕУ, а полските дипломати, наводно, рекле дека исклучоците се толку големи што ќе ги направат санкциите неефикасни, пренесе Танјуг.