Бебињата пронајдени сами по земјотресот во делови на Турција, кој однесе илјадници животи, се безбедно пренесени во Анкара.
Авионот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, беше користен за транспорт на 16 бебиња од Кахраманмараш по разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени во во југоисточна Турција и Сирија.
Авионот е ставен во готовност за да се користи за активности поврзани со земјотресот, вклучително и транспорт на медицински и хуманитарни тимови во регионите на земјата, пишува „Дејли мејл“.
Се користи и за транспорт на сериозно повредени лица во Анкара на лекување.
Сите 16 бебиња на летот биле пронајдени сами во зоните на земјотресот. Од авионот што слета на аеродромот Есенбога ги зеле старателки од Министерството за семејство и социјални услуги.
Оттаму тие се префрлени во градската болница во Етлик.
Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 16.000, соопштија официјални лица.