Хамдула Ливачоглу, сеизмолог од Универзитетот во Турција, вчера рано наутро го снимил звукот на земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.
– Човечкото уво не може да чуе фреквенции помали од 20 херци. Фреквенциите на земјотресните сигнали се исто така типично помали од 20 херци. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот и сеизмограмот се компресира. Така содржината на фреквенцијата е подигната до праговите што може да ги чуе човечкото уво – објасни тој.
Турскиот геофизички инженер Овгун Ахмет Ерџан објави дека јачината на земјотресот што се случи е како 130 атомски бомби.
„Земјотресот беше со јачина од 7,7 степени и јачина на приближно 130 атомски бомби, траеше 43 секунди“, објави тој, според „Индекс“.
7,7 büyüklüğündeki depremin sesi#Kahramanmaraş Pazarcık’ta meydana gelen 7,7 büyüklüğünde depremin sesi ortaya çıktı #deprem https://t.co/EwTv4SIyZD pic.twitter.com/uuyivEBmZh
— Habertürk (@Haberturk) February 6, 2023