Не е секогаш лесно да најдете време за да јадете оброк во одредено време, особено кога имате многу обврски. Меѓутоа, важно е да внимавате кога јадете за да се осигурите дека вашето тело останува што е можно поздраво. Науката продолжува да ни покажува дека времето на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а особено дека јадењето подоцна навечер и во ноќните часови може да го отежне слабеењето.
На пример, во една мала студија на 20 луѓе објавена во „Џрнал оф клиникал ендокринолоџи и метаболизам“ беше откриено дека оние што вечерале во 21 часот наспроти оние што јаделе во 18 часот имале повисоки нивоа на шеќер во крвта следното утро, со помала оксидација на масти, пишува „Ит дис Нот дет“.
Друга студија, објавена во „Нутриенс“, покажа дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината, бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала ноќе отколку во остатокот од денот.
Згора на ова, претходното истражување исто така покажа дека јадењето подоцна во текот на денот може да влијае на вашиот метаболизам и хормоните на гладот, што пак може да влијае на губењето на тежината. Тие откриле дека јадењето подоцна го зголемува чувството на глад, а истовремено го намалува количеството енергија потрошено додека сте будни.
Всушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.
Сепак, секој човек има различна стапка на метаболизам. Затоа, на секој човек му треба различно количество дневно внесување калории и сооднос на макронутриентите. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е да јадете добро балансирана исхрана во редовни, постојани интервали.