ТЕНИС – ТУРНИР ВО ТУНИС

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на турнирот во Тунис, одново без загубен сет, победувајќи го осмиот носител Артур Букје од Франција, со 6-2, 7-5.
И во првите две кола Ивановски, кој е прв носител на турнирот што се игра на тврда подлога и за награден фонд од 15.000 долари, победи со по 2-0 во сетови, прво го совлада Ендрју Роџерс од САД со 6-3, 6-3, а потоа славеше и на дуелот со Олаф Пјечковски од Полска со 6-2, 6-1.
Во полуфиналето денеска Ивановски треба да се сретне со седмиот носител Федерико Јанаконе од Италија.