Изет Меџити и други приврзаници на т.н. „огнена група“ од ДУИ сношти одржаа дебата во Гостивар.
– Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација – рече Меџити.
Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е за спас на партијата и лидерот. Тој се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање и дека се неопходни промени.
– На овие средби граѓаните ми рекоа добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата – подвлече Меџити.
Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.
На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.